| |
|
Министерот за надворешни работи на РМ Антонио Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, се наоѓа во официјална посета на БиХ.
Министерот Милошоски ќе оствари средби со членовите на претседателството на БиХ, со г-дин Бакир Изетбеговиќ, кој е воедно и шеф на парламентарната делагација на БиХ во Парламентарното собрание на Советот на Европа, со претседателите на најзначајните политички партии во земјата, како и со заменик министерот за надворешни работи на БиХ Ана Тришиќ-Бабиќ.
Воедно, министерот Милошоски ќе има и работна вечера со Амбасадорите на земјите членки на Советот на Европа во Сараево и други значајни меѓународни претставници во БиХ.
Предмет на разговор на овие средби е улогата на Советот на Европа во уставните реформи во БиХ и видувањата на политичките претставници на БиХ за овој процес. Особен акцент ќе биде ставен на прилагодувањето на изборното законодавство на БиХ во согласност со одредбите на Европската конвенција за човекови права, што ќе овозможи и примена на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Сејдиќ и Финци против БиХ. |
|
|
|