Од 4-8 октомври о.г во Стразбур ќе се одржи есенската Сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
На оваа сесија на 7 октомври ќе се обрати и ПВРМ Груевски, како специјален гостин на земјата-претседавач, додека МНР Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри на СЕ, ќе го има своето редовно обраќање на 4-ти октомври и презентација на кварталниот извештај за работата на КМ.
Во рамките на Сесијата ќе биде организирана и свеченост со која ќе се одбележи 60-годишнината од донесувањето на Европската конвенција за човекови права.
За време на октомвриската сесија, предвидено е да бидат разгледани и да се дебатира на повеќе актуелни теми од доменот на СЕ, како што се: ситуацијата со Ромите, со акцент на последните случувања во одредени држави во врска со ова прашање, борбата против екстремизмот, правата на жените (со акцент на правото на пристап на жените до соодветна медицинска нега), ќе се разгледаат повеќе извештаи во врска со почитувањето на правата на децата, спречување на нивната злоупотреба, извештаи за функционирањето на демократските институции во некои земји-членки на СЕ и сл.
На Сесијата да биде избран нов ГенСек на Парламентарното Собрание на ССЕ, а постои можност да бидат избрани и заменици-претседатели на ПССЕ, како и судии во Европскиот суд за човекови права од Естонија, Грција и Португалија.
МНР Милошоски ќе учествува и на работниот ручек, организиран од ГенСек Јагланд со претставници на повеќе институции на СЕ.
На маргините на настанот, МНР Милошоски ќе оствари неколку билатерални средби, меѓу кои со: МНР на СРГ Вестервеле, како и со пратеникот во германскиот Бундестаг, Јохан Вадефул.
ПВРМ Груевски ќе оствари средба со високите претставници на СЕ. |