| |
|
На 19 јули во Брисел МНР Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, оствари средба со Потпретседателот на Европската комисија и Комесар за правда, фундаментални права и државјанство, Вивијан Рединг.
На средбата се дискутираше за соработката меѓу Советот на Европа и Европската унија, согласно Меморандумот за разбирање потпишан меѓу двете организации во 2007 г. , и за нејзиното натамошно унапредување. Во таа смисла, пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права ќе одигра значајна улога во јакнењето на европскиот систем за заштита на човековите права, што ќе биде корисно за сите граѓани во Европа.
Официјалните Разговори за пристапувањето на ЕУ кон ЕКЧП започнаа на 7 јули во Стразбур, а состанокот на МНР-Милошоски со Рединг на 19 јули даде дополнителен поттик на овој сложен процес. |
|
|
|