CoE Logo
Мапа на сајтот  |  
Обраќање на МНР Милошоски пред Парламентарното собрание на Советот на Европа
 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, имаше свое обраќање на првиот ден на јунската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур од 21 до 25 јуни.

Министерот Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, зборуваше за приоритетите на македонското претседавање со Советот на Европа, како и за досегашните и идните активности во рамките на претседавањето. Притоа, МНР Милошоски се осврна и на реформите на СЕ, зголемувањето на неговата политичка улога, односите и соработката со другите меѓународни фактори-ОН, ОБСЕ, односите со ЕУ, регионалната соработка и главните политички приоритети на Организацијата.

По настапот, МНР Милошоски одговараше на повеќе прашања поставени од страна на парламентарците.

Испрати до пријател
горе