| |
|
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, денеска оствари брифинг-средба со резидентните амбасадори на земјите-членки и земјите-набљудувачи на Советот на Европа во Република Македонија. На средбата, министерот Милошоски ги претстави приоритетите на нашето претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа со кој Република Македонија ќе претседава во следните 6 месеци, почнувајќи од 11 мај 2010 година и притоа беа дискутирани активностите во овој период.
Приоритетите на македонското претседавање се однесуваат на три тематски области: зајакнување на заштитата на човековите права, негување на интеграцијата со почитување на разликите и поактивно вклучување на младите во политичкиот и демократски развој на земјите од Југоисточна Европа.
За време на претседавањето, Република Македонија ќе организира повеќе настани на кои ќе се дискутира за актуелни прашања на Советот на Европа кои се тематски поврзани и со нашите три главни приоритети. |
|
|
|