CoE Logo
Мапа на сајтот  |  
Средба на МНР-Милошоски во улога на претседавач со КМ на СЕ со МНР на БиХ, Свен Алкалај во Сараево, 1 јуни 2010 г.
 

Денеска, во Сараево МНР Милошоски во улога на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа се сретна со МНР на БиХ Свен Алкалај за да ги пренесе очекувањата на организацијата за неопходност од уставни реформи во БиХ со што би се усогласила уставната регулатива на оваа земја-членка со стандардите на Советот на Европа.
Советот на Европа и македонското претседателство имаат надеж дека уставните реформи може да се спроведат по завршувањето на парламентарните избори во БиХ, во октомври 2010 година. Комитетот на министри не сака да и наметне на БиХ решенија кои не се прифатливи, туку да развива партнерски односи и да ги стимулира сите политички чинители во БиХ самите одговорно да донесат одлука за спроведувањето на уставните реформи, истакна министерот Милошоски.
Денеска попладне претседавачот на Комитетот на министри ќе реализира средба и со премиерот на Република Српска, Милорад Додиќ.

Испрати до пријател
горе