CoE Logo
Мапа на сајтот  |  
Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, во посета на Република Македонија
 

Генералниот Секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, денеска и утре (12 и 13 април) ќе престојува во посета на Република Македонија.

Покрај средбата со министерот Милошоски, за време на дводневниот престој во пресрет на преземањето на претседавањето со Комитетот на Министри на СЕ од страна на Република Македонија, ГенСек Јагланд ќе биде примен од Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, Премиерот Никола Груевски и Претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски.

На средбите ќе биде изразена подготвеноста на Република Македонија за преземање на претседавањето со најстарата меѓународна организација во Европа, а ќе бидат претставени и приоритетите кои РМ ќе ги реализира за време на претседавањето.

Опфатени ќе бидат и главните политички прашања кои се очекува да имаат приоритетен карактер за време на претседавањето, од интерес  на Република Македонија, но и на Советот на Европа во генерална смисла.

Испрати до пријател
горе