CoE Logo
Мапа на сајтот  |  
Економија
 

Главни извозни производи:

производи од железо и челик, текстилни производи, вино, овошје, зеленчук, конзервирана храна

 

Главни извозни партнери:

Германија, Србија, Грција, Италија, САД

 

Главни увозни производи:

нафта, возила, опрема

 

Главни увозни партнери:

Германија, Србија, Украина, Грција, Руската Федерација, Словенија

 

Индустрии:

електрична енергија, преработка на сурова на нафта, челик, производство и преработка на метали, автобуси, синтетички влакна, цигари, текстил, обувки, машини, мебел

 

Рударство:

јаглен (лигнит), цинкова руда, оловна руда, силициумова руда, руда на никел, руда на хром, мермер

 

Земјоделство:

главни култури (пченица, пченка, шеќерна репка), ориз, сончоглед, тутун, грозје, раноградинарски зеленчук (домати, краставици, пиперки, зелки) Македонија има поволни услови за земјоделство и може речиси самостојно да ги задоволи потребите за храна. Во употреба се над 60.000 трактори. Приватниот сектор опфаќа над 80% од земјоделското производство.

 

Шумарство (31.12.2005):
Шумите зафаќаат површина од 955.228 хектари,

од кои 857.805 се во државна сопственост:
- букова шума 232.644 хектари

- дабова шума 284.253 хектари

- борова шума 61.795 хектари

 

Претпријатија (31.12.2005):
вкупно 67.026

Структура според видот на сопственост:

- Приватни 63.973

- Општествена сопственост 809

- Мешовити 769

- Кооперативни 1.436

- Државни 39

 

Структура според потеклото на капиталот:

- Домашни 64.164

- Странски 980

- Мешовити 1.882

 

Комуникации:

Македонија се наоѓа на крстосницата на југоисточна Европа. Со нејзината развиена патна и железничка инфраструктура и двата меѓународни аеродроми со редовни директни врски со повеќе главни европски превозни центри, таа е идеален транзитен и дистрибутивен центар.

Двата големи паневропски коридори – Коридорот 8 (исток-запад) и Коридорот 10 (север-југ) се во процес на доизградба. Со тоа, капацитетот на македонската превозна мрежа ќе биде дополнително зајакнат.

Испрати до пријател
горе