| | Промовирање на Акциониот план за социјална кохезија
на Советот на Европа
На 7 јули 2010 година, Комитетот на Министри на Советот на Европа ја усвои “Новата Стратегија за социјална кохезија на Советот на Европа” и нејзиниот Акционен план.
Оваа Нова Стратегија за социјална кохезија е промовирана во време кога значењето на терминот “напредок/прогрес” се менува. Во минатото, тој се изедначуваше со визијата за просперитет, правда и слобода. Денес, напредокот значи и заштита на општеството од регресивни трендови, обезбедувајќи оддржливост на социјалната правда во рамки на ограничените материјални и еколошки ресурси, избегнувајќи неповратни ситуации и обезбедувајќи меѓу-генерациска еднаквост. Општествениот напредок бара подетално преиспитување на социјалните и економските разлики во нашите општества, како и на социјалните трошоци и трошоците врзани за одржувањето и заштитата на животната средина во рамки на постоечките модели на производство и потрошувачка.
Акциониот план ќе биде официјално промовиран во Скопје на 28 и 29 октомври 2010 година. |
|
|