| | | Со цел адресирање на постоечкото прашање за борба против корупцијата, како проблем кој ги еродира општествата и ја ослабува безбедноста на граѓаните планирана е оваа Конференција посветена на овој проблем кој не може да се третира како изолиран феномен. ГРЕКО го одбележа својот 10-ти јубилеј во октомври 2009 година. Овој парцијален договор на Советот на Европа, во кој Република Македонија е дел од 2000 година се докажа дека е ефикасен инструмент за потиснување на корупцијата преку проценка на законодавството на земјите членки и судската административна практика. Конференцијата во месец октомври 2010 година претставува дополнување на меѓународната Конференција посветена на корупцијата, која се одржа во Охрид во јули 2009 година, каде учествуваа претставници на влијателни невладини организации, вклучувајќи ја и организацијата Транспарентност Интернационал. Претстојната Конференција треба да овозможи демонстрирање на постигнатите резултати на планот на борбата против корупцијата, фокусирајќи се посебно на конфискацијата како една од мерките за справување со овој вид криминал, преку презентирање на меѓународните стандарди и нивната имплементација во националните законодавства, европската легислатива за заплена конфискација и повратот на имотот и имотната корист и конфискацијата и повратот на имотот во пракса. Имајќи предвид дека темата - идентификација, заплена и конфискација на приноси од корупција, како и темата -админситрацијата и корупцијата беа темите на Вториот круг на евалуација на ГРЕКО, а финансирањето на политичките партии беше тема во третиот круг на евалуација, Конференцијата би се надоврзала на наодите од вториот и третиот круг на евалуација. Исто така, оваа Конференција ќе се фокусира на враќањето на противправната имотна корист, (поврат на имот) во борбата против корупцијата. Заради постигнување на оваа цел, ќе се поканат и претставници од Секретаријатот на ГРЕКО да направат презентација за согледувањата и постигнатите ефекти од оваа евалуација. |
|
|