| | | Конференцијата е прв меѓународен настан меѓу останатите кои ќе бидат организирани во рамките на Македонското претседателство со Комитетот на министри на советот на Европа.
Оваа Конференција ќе следи по дводневен работен состанок на Работната група на Консултативниот совет на Европски Судии кој ќе се одржи во Охрид од 1 до 3 јуни 2010 година, а посветен на подготовка на нацрт Мислењето број 13 за улогата на судиите во извршувањето на судските одлуки во нивните односи со другите државни функции и други актери.
Во светлината на подготовката на погореспоменатото Мислење, конференцијата има за цел да се претстави новиот систем на извршување на судските одлуки во Република Македонија и запознавање со компаративните искуства во извршување на судски одлуки во државите – членки на Советот на Европа. |
|
|